news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Член 1

Општината Чашка е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр. 55/04).

Член 2

Со овој статут на Општината Чашка (во натамошниот текст: Општината), во согласност со закон, се уредуваат:

1. територијалното подрачје и основните обележја; 
2. надлежностите на општината; 
3. организацијата и работата на органите на Општината; 
4. организацијата и работењето на комисиите на Советот на Општината; 
5. вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност;
6. начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер; 
7. случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Општината; 
8. начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Општината и постапување по нив;
9. начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
10. начинот на објавувањето на прописите на Советот; 
11. начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба; 
12. месната самоуправа; 
13. начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината; 
14. како и други прашања од значење за Општината.

 

Член 3

Граѓаните на Република Македонија кои имаат постојано место на живеење на подрачјето на општината, се жители на општина Чашка.

Подрачјето на општина Чашка ги опфаќа селата:

Бањица, Бистрица, Богомила, Бусилци, Владиловци, Витанци, Војница, Габровник, Голозинци, Горно Врановци, Горно Јаболчиште, Долно Врановци, Долно Јаболчиште, Дреново, Еловец, Извор, Капиново, Крајници, Крива Круша, Крнини Лисиче, Мартолци, Мелница, Мокрени, Нежилово, Ново Село, Оморани, Ораов Дол, Ореше, Отиштино, Папрадиште, Плевење, Поменово Попадија, Раковец, Смиловци, Согле, Стари Град, Степанци, Теово, Црешнево и Чашка. 

Член 4

Општината е правно лице.
Во општина Чашка службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е и албанскиот јазик и неговото писмо. 
Седиштето на општината е во Чашка на ул. “Илинденска” бр.8.

 

Член 5

Општината има право на сопственост.

Член 6

Општината има знаме.

Член 7

Општината има грб кој ја претствува стопанско-географската положба на општината-поле, река, планина, сонце и симбол на фабриката. 

Член 8

Општината има печат со тркалезна форма со пречник од 3 (три) сантиметри, во чија средина се наоѓа грбот на општината и на чии рабови е испишано Република Македонија-Општина Чашка. 
Печатот што го употребува Советот на општината, во вториот ред има натпис-Совет на општината. 
Печатот што го употребува Градоначалникот, во вториот ред има натпис Градоначалник. 

Член 9

Општината има свој празник. Празник на Општината е 21-ви Август.

 

Член 10

Во општината се востановуваат општински признанија и награди. Наградите се доделуваат во знак на признание за постигнатите остварувања што претствуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, културата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредување на животната средина и природата како и во други области. Наградите се доделуваат на физички и правни лица од Општината, Републиката, меѓународни организации и асоцијации или претставници.

Член 11

Општината може со одлука донесена од страна на Советот на Општината да се здружува во здруженија во согласност со Закон.

Член 12

Општината може да соработува со општините во Републиката, со единиците на локална самоуправа од други земји, со меѓународни организации на локални заедници и да членува во меѓународни организации на локалните власти. Општината, заради остварување на заеднички интереси и вршење на заеднички работи од нивна надлежност, може со други општини од Републиката да здружува средства и да формира заеднички јавни служби, во согласност со закон.

(Извадок од Статут на Општина Чашка)

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner