news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Локална самоуправа – Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на  Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде, Вие со вашите идеи и потребите одлучувате како ќе ја  изградите вашата иднина.

Цели на форумскиот процес се:

• Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување
• Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни
• Подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво
• Подобрување на животот на луѓето во заедницата

Начинот на работа на форумот е ...

преку организирање на 5 форумски сесии на кои присутните граѓани ќе ги лоцираат проблемите во локалната средина во делот на социјална инклузија и ќе понудат решенија за истите. Всушност

 

Проектниот форум ќе биде основа на идеи, подготовка и финансирање на конретни проекти. Најмалку 1, а најмногу 3 проекти ќе бидат поддржани, а  проектен фонд  со кој располага форумот е 50.000 CHF.  Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка

Одлучи сам за твојата околина/ својата општина.

Третата форумска сесија ќе се одржи на 13.08.2020 година (Четврток) со почеток во 13:30 часот во просториите на ООУ „Тодор Јанев“ Населба Чашка.

Со почит,

Градоначалник на општина Чашка
Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner