news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.Факторите кои влијааат на интензивно зголемување на стресот на граѓаните, фрустрациите, страв и силна загриженост за иднината, агресивно однесување, изливи на нервоза, зголемена потреба за контрола и изразување моќ, насилно решавање на конфликтите и зголемена примена на ...

насилство. Се ова директно ги става во ризик жените и децата кои се приморани да останат во домовите сос торителите на насилство, да живеат во зголемен ризик од насилство и животно загрозувачка средина.

 

Поради физичкото присуство на насилниците, жените не се во можност да се јават на линиите за помош и поддршка , или да го пријават насилството.

Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално , регионално и национално ниво.

Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.
Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите.

Каде може да се обратите за помош:

•Полиција 192
•Директно во полициска станица
•Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство при

Вардарски регион-Велес

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 340 225

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес 070 362 281
e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Органзиација на жени Велес - Бесплатна правна и психолошка помош за жени жртви на семејно насилство
e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
070 645 318 или на 075 603 348

Бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077  141 700

Сите кои имаат потреба да пријават насилство ги охрабруваме да го сторат тоа и за тоа не им е потребна посебна дозвола, ниту за времетраење на полициски час. Жртвите непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner