news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Локална самоуправа – Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на  Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде, Вие со вашите идеи и потребите одлучувате како ќе ја  изградите вашата иднина.

Цели на форумскиот процес се:
• Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување
• Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни
• Подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво
• Подобрување на животот на луѓето во заедницата

Начинот на работа на форумот е преку ...

организирање на 5 форумски сесии на кои присутните граѓани ќе ги лоцираат проблемите во локалната средина во делот на социјална инклузија и ќе понудат решенија за истите. Всушност Проектниот форум ќе биде основа на идеи, подготовка и финансирање на конретни проекти. Најмалку 1, а најмногу 3 проекти ќе бидат поддржани, а  проектен фонд  со кој располага форумот е 50.000 CHF.  Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка

Одлучи сам за твојата околина/ својата општина.

ДНЕВЕН РЕД

12:30-12:45

 

12:45-13:00

 

13:00-13:10

 

13:10-13:30

 

 

 

13:30-13:50

 

 

13:50-14:10

 

 

14:10-14:30

 

14:30-14:50

 

 

 

14:50-15:10

 

 

15:10-15:20

 

15:20-15:45

 

15:45-16:00

 

16:00 -16:10

 

 

 

Добредојде на присутните, претставување на дневниот ред и целите на втората форумска сесија

Преглед на предходната сесија и работата меѓу сесии - предложени концепти и членови на работни групи

 

Презентација на критериуми за проекти

 

Концепт (1)Реконструкција на куќа, куќи за лица со посебни потреби и за мали групни домови – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

 

Концепт (2) – Културен рекеративен центар – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

 

Концепт (3) – Изградба и реконструкција на спортски игралишта( Населба Чашка, Долно Јаболчиште и Горно Јаболчиште – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

 

Пауза

 

Концепт (4) – Информатички кабинети

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

 

Концепт (5) – Заштитна ограда за безбедност на река Тополка, Горно Јаболчиште – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

 

Дооформување на работните групи за развивање на предлог проекти

 

Презентација на формат за предлог проект

 

Одредување на термин за следната сесија

 

Оценка на форумската сесија

 

Втората  форумска сесија ќе се одржи на 10.03.2020 година (вторник) со почеток во 12:30 часот во сала на ОУ „Тодор Јанев“ населба Чашка.

Со почит,
Градоначалник на општина Чашка
Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner