news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018), Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати од Агенција за Администрација бр.10-14/5од 20.01.2020 по Јавен Оглас број 399/2019, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-14/2 од 15.01.2020 година, Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-14/1 од 02.01.2020 година, Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-14/3 од 20.01.2020 година, Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната:

О Д Л У К А
за избор на кандидат за вработување
на административен службеник по Јавен Оглас 399/2019

1. За работно место-УПР0101Г04000 Помлад ...

референт за бази на податоци, Одделение за информатичко комуникациска технологија, Сектор за стручна поддршка, правни, општи работи и ИКТ(1), СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ Ален Беќировски.

 

 

2. Избраниот кандидат ќе биде вработен на наведеното работно место од точка 1 ,по конечноста на оваа Одлука, за што ќе се донесе посебно решение за вработување.

3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, формирана со Решение бр.10-2235/3 од 24.12.2019 година, по Јавен Оглас бр.399/2019 од 11.12.2019 година, објавен во три дневни весници Нова Македонија,Вечер и Лајме, спроведе постапка за вработување на административен службеник согласно Закон за Административни службеници.

Комисијата спроведе административна селекција со Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-14/1 од 02.01.2020 година, спроведе испит за административни службеници согласно Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-14/2 од 15.01.2020 година, како и изврши проверка на веродостојноста на доказите и спроведе Интервју согласно

Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-14/3 од 20.01.2020 година, по што достави Ранг Листа и предлог за Вработување на кандидат по

Јавен Оглас 399/19 бр.10-14/5 од 20.01.2020 година.

Врз основа на приложената документација, Градоначалникот на општина Чашка,одлучи како во диспозитивот на  оваа одлука.

По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраниот кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за Администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner