news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018),Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

О  Д  Л  У  К  А
за избор за унапредување  на административен службеник по интерен оглас

По интерниот   оглас бр.3/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 02.01.2020 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место:

1.Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,со шифра УПР0101Б02000,ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА  ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА ...

УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:

– Марјан Јовановски

2. Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

На ден 02.01.2020 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација  објавен е Интерен оглас бр.3/2019 за унапредување на  административен службеник во Општина Чашка, за работно место-
Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,со шифра УПР0101Б02000, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА  ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, 1 извршител.

Со Решение бр.09-29/2 од 14.01.2020 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од  административна селекција за интерен оглас бр.04-29/3 од 21.01.2020 година.

На ден 21.01.2020 година, Градоначалникот, спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас

Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности, со шифра УПР0101Б02000, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА  ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, 1 извршител и изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор  на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-29/4 од 21.01.2020 година.

Од  финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, број 04-29/4 од 21.01.2020 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner