news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

ОДЛУКА
за избор за унапредување  на административен службеник по интерен оглас

1. По интерниот   оглас бр.2/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 17.10.2019 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место

Раководител на Одделение за ...

информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:

 

– Димче Ангелов

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

Образложение

На ден 17.10.2019 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација  објавен е Интерен оглас бр.2/2019 за унапредување на  административен службеник  во Општина Чашка,за работно место-
Раководител на Одделение за информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, 1 извршител.

Со Решение бр.09-1454/6 од 21.10.2019 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од  административна селекција за интерен оглас бр.04-1454/7 од 25.10.2019 година.

На ден 30.10.2019 година, Градоначалникот, спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас          
-Раководител на Одделение за информатичко комуникациска технологија со шифра УПР0101Б04000 во Одделение за информатичко комуникациска технологија, 1 извршител и изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор  на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1454/8 од 30.10.2019 година.

Од  финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,број 04-1454/8 од 30.10.2019 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner