news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018),Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

ОДЛУКА
за избор за унапредување  на административен службеник по интерен оглас

1.По интерниот оглас бр.1/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 13.09.2019 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација-за работно место- УПР0101В02000Виш соработник за здравствена,социјална,цивилна заштита и управување со кризи во Одделение за локален економски развој и јавни дејности-1 извршител, од предложената ранг листа, се ....

избира следниот кандидат:

 

– Сали Латифов

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

Образложение

На ден 13.09.2019 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација  објавен е Интерен оглас бр.1/2019 за унапредување на  административен службеник во Општина Чашка,за работно место-УПР0101В02000 Виш соработник за здравствена, социјална, цивилна заштита и управување со кризи во Одделение за локален економски развој и јавни дејности-1 извршител.

Со Решение бр.09-1249/8 од 23.09.2019 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од  административна селекција за интерен оглас бр.04-1249/9 од 01.10.2019 година.

На ден 01.10.2019 година, Комисијата за селекција  спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 02. од интерниот оглас УПР0101В02000, Виш соработник за здравствена,социјална,цивилна заштита и управување со кризи во Одделение за локален економски развој и јавни дејности-1 извршите и Комисијата за селекција за унапредување изготви финална ранг листа на интервју и рираниот кандидат и предлог одлука за избор  на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1249/10 од 01.10.2019 година.

Од доставената финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, број 04-1249/10 од 01.10.2019 година, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

 

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner