news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КП 149/32 И ДЕЛ ОД КП 150/4 КО ЧАШКА, ОПШТИНА ЧАШКА СО НАМЕНА В3-КУЛТУРА

Почитувани граѓани,

На 11.17.2019 година од страна на Градоначалникот на Општина Чашка  донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КП 149/32 И ДЕЛ ОД КП 150/4 КО ЧАШКА, ОПШТИНА ЧАШКА СО НАМЕНА В3-КУЛТУРА под бр 09-959/1 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.

Министерството за животна средина и просторно планирање достави известување бр. УП1-15-1105/2019 од 30.07.2019 година во врска со постапката за носење на ...

планска документација за ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КП 149/32 И ДЕЛ ОД КП 150/4 КО ЧАШКА, ОПШТИНА ЧАШКА СО НАМЕНА В3-КУЛТУРА, во кое се известува дека Стратегиска оцена за влијание на животната средина за дадениот плански документ не треба да се спроведува.
Од овие причини, Градоначалникот на Општина Чашка донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16),

Градоначалникот на Општина  Чашка, на ден  11.07.2019 година  донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КП 149/32 И ДЕЛ ОД КП 150/4 КО ЧАШКА, ОПШТИНА ЧАШКА СО НАМЕНА В3-КУЛТУРА, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

 

2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk

3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КП 149/32 И ДЕЛ ОД КП 150/4 КО ЧАШКА, ОПШТИНА ЧАШКА СО НАМЕНА В3-КУЛТУРА, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот документ кој се донесува има за цел рационално користење на земјиштето, се дефинира и оформува градежна парцела за градба од втора категорија утврдена со Законот за градење-дом на култура.   Намените и компатибилните намени се согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Известување од МЖСПП за ЛУПД Дом на култура
Формулар за неспроведување  ЛУПД Дом на култура
Одлука за неспроведување ЛУПД Дом на култура
Ажурирана геодетска подлога со опфат

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner