news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 48 став 3  од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 44/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.11/2015 г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за ... унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.)
Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ  01-2019
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА СО УНАПРЕДУВАЊЕ


1.Советник за локален економски развој, со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Економски науки, наука за земјиштето и хидрологија
-Работно искуство
-најмалку три години  работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 28.000,оо денари

2. Виш соработник за здравствена,социјална,цивилна заштита и управување со кризи,со шифра УПР0101В02000 – (1) извршите
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации:-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Образование, Социологија

Работно искуство
-најмалку две години  работно искуство во струката

Потребни  општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управувањ
Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 24.000,оо денари

3. Помлад соработник за администрирање на даноци и такси,со шифра УПР0101В04000 – (1) извршител.
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации:-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Економски Науки,Правни науки

Работно искуство
-со или без работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 26.000,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните                      
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

-На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:


-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка како и на службената електронска адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака за интерен оглас.
Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

Пријавата за аплицирање можете да ја превземете овде

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner