news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на Република Македонија бр.05/04), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(,,Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр.167/15…110/19),  Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2019
за вработување на неопределено работно време, домаќин

Општина Чашка има потреба од вработување на неопределено работно време на 1 (еден) ...

работник-домаќин

 

1.а) назив на работно место- домаќин, ниво А2, реден број  24, шифра УПР 0405А02003
б)општи услови:
-кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да има општа здравствена способност за работно место,
-со правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,
-општи работни компетенции на основно ниво:
Учење  и развој, комуникација ,остварување резултати ,работење со други/тимска работа  и ориентираност кон засегнати страни
(проверка на општите  работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)
-работни задачи и обврски:
Набавува потрошен материјал и инвентар;
Води евиденција за набавениот и потрошениот материјал;
Ги проверува и потврдува пристигнатите сметки за извршеното набавување на потрошен материјал и завршените услуги и ги доставува истите за исплата;
Ја следи состојбата со залихите на материјалите и навремено предлага набавување на материјали и
Води картотека и евиденција за примените и за издадените административни и други материјални средства.
-посебни услови:
стручни квалификации: ниво на квалификации l според Македонската рамка на квалификации – средно стручно образование (техничка насока или економска), со или без работно искуство 
в) распоред на работно време: дневно работно време- од 07.30 часот до 15.30, 40 часовно–неделно работно време;
г) паричен нето износ  на плата: 17.500,оо денари
д) напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2019, вработувањето е предвидено за Србин(ка).

2.Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето на огласот.
Пријавата за вработување  со задолжителните докази за исполнување  на условите се доставува во хартиена форма на адреса–Општина Чашка, ул.„Илинденска,, бр.8 Населба Чашка – Општина чашка, со назнака „За оглас бр.1/2019 за прием на домаќин
Пријавата за вработување може да се превземе  од веб страната  на Општина Чашка: www.caska.gov.mk
-Пријавата  за вработување  треба да содржи :
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место  на раѓање, адреса и место на живеење, електронска  адреса  на кандидатот, контакт телефон, припадност  на заедница)
-кратко мотивационо писмно,
-изјава за исполнување  на општите  услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,

3.Доставување на документација
-Кандидатите  кон Пријавата  треба да ја достават следната документација:
-биографија -CV
-Уверение за државјанство на РМ(оригинал или заврено на нотар);
-Диплома за завршено образование(оригинал или заверена на нотар);
-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),
-Уверение правосилна судска пресуда  да не му изречена казна забрана на вршење  на професија,

4.Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите и интервју;
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од  осум дена од истекот на рокот за пријавување  на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди  дека недостасува  некој од  доказите, комисијата е должна  да побара од кандидатот во рок од 3 (три) дена да  ги комплетира  доказите.
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка  на веродостојноста  на доказите.
По проверката на веродостојност  на доказите, се закажува и врши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни  критериуми, пропишани  од Градоначалникот на единицата  на локалната самоуправа.
По спроведената постапка  на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.

Овде можете да превземете Пријава за вработување. Доколку не успеете да ја превземете, можете да се обратите во Општина Чашка за да Ви биде испратена по e-mail.


 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner