news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Преку Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2018 година, Општина Чашка е дел од спроведување на програмата на центарот и тоа приоритет: Комунална инфраструктура и комунални услуги  во мерка 1.1.2 Развој на системите за одводнување и прочистување на отпадните комунални води.

Проектот „Подобрување на ... квалитетот на живот и зачувување на животната средина преку изработка на проектната документација за изградба на комунална инфратсруктура за Општините Чашка и Велес„ е во завршна фаза на имплементација. Носител на проектот е Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општините Чашка и Велес со вкупен буџет од 1.978.270,00 денари, средства  обезбедени од Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа.

Сите засегнати страни и тоа Општина Велес, Општина Чашка, ЈПВ „Лисиче“ и филтерна станица ДЕРВЕН Велес како и Центарот за развој на Вардарски плански регион се залагаат за подобрување на квалитетот на живот на жителите од Чашка, директно засегнати и се разбира жителите на Велес како индиректно засегнати страни.

Техничката документација се надеваме дека ќе ги отвори вратите за добивање на средства за имплементација на проектот во Општина Чашка.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner