news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Земјоделците од Чашка, Велес и Градско имаа можност да се видат со претставници од институциите и на лице место да дискутираат за актуелните сoстојби, проблеми и можности во земјоделството на бараење од страна на здружението АГРОЦЕНТАР Велес во кое членуваат голем број на земјоделци од регионот.

Имено Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Николовски најнапред ги најави мерките од новите програми за финансиска поддршка и... рурален развој. Воедно информираше дека МЗШВ, заедно со Јавното претпријатије за пасишта ќе изврши измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата.

Во однос на новата програма за рурален развој, Николовски истакна дека за оваа година се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори  кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата. Дополнително, во програмата за финансиска поддршка за 2019 година зголемена е поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари.

МЗШВ во моментот работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до 3 хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над 3 се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој г-дин Бабовски изјави гордо дека имаме најуспешна ИПАРД програма, склучени голем број на нови договори за набавка на механизација и опрема со цел создавање на конкуретно земјоделство.Сите земјоделци имаат еднаков пристап во институциите, субвенциите се исплаќаат редовно.

Присутните земјоделци на лице место ги поставија своите прашања кон претпоставените од институциите и добија свои одговори за време на средбата, а дел од прашањата кои имаат потреба да бидат проверени ќе бидат навремено известени.
Цената на млекот и јагнето е она што во овој момент најмногу ги интересираше сточарите. Моментално ниската цена на жива мера е онаа која не ги задоволува неопходно е да се интервенира и заштити цената на јагнето со цел сточарите да имаат подобри услови и воедн ги зголемат своите стада.

Оваа година МЗШВ излезе во прерсет и обезбеди надминување на проблемот односно, оние кои имаат одгедувалиште а немаат земја, може да проверат од 1 март 2019 година во ПИОМ и здравство за да се регулира нивниот статус.

Субвенциите за тутун лани е во целост исплатени, и оваа година нема да има проблеми. Има евиденција на нови 4700 договори со што се зголемуваат и површините под тутун, при тоа се води контрола и на квалитетот на тутун. Во собраниска процедура е и новиот закон за тутун овие денови се очекува распаравата и ќе се укинат евидентните листови за производителите во интерес на земјоделците.

Оваа година се очекуваат многу новитети во земјоделството, едно од нив е и ветувањето за нафатата за земјоделците за која веќе се обезбедени финансиски средства.

На прашањето за разгледување на можноста за извоз на живо јагне во Турција одговор даде директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Атанасов кој изјави реално е потребно време за усогласување и задоволување на критериумите за извоз на жива стока. Започнати се разговори, се потполни прашалникот и во тек е спроведување на меморандум со кој ќе имаме можност како земја да се извезува јагнето. Но за сето ова е потребно време и до 3 години бидејќи моментално состојбата со бруцелоза и податоците во Република Северна Македонија се показател дека се намалува значитлно но за жал сеуше имаме и стока и лица заболени со бруцелоза. Оваа година ќе се отвори можноста за испитување на крв на овците во целата земја, ќе се зајакнат контролите и пазарите се со цел да се воведе ред и со стекнување на статус на безбедни региони и пријава на Република Северна Македонија во Светската Здравствена Органзиација ќе имаме можност да се извезува но треба време и работа.

Сите институции имаат слух за потребите на земјоделците и се отворени за соработка и надминување на проблемите со кои се соочуваат се со цел да се унапреди сточарството како гранка, воедно да се придонесе кон задржување на сточниот фонд но и воедно зголемување на стадата. Земјоделците изразија голема благодаранот и го поздавија начинот на отворени средби со претставниите на институциите на едно место да имаат можност да ги постават и воедно добијат одговори на нивните прашања.
Директор на ЈП за стопанисување со пасишта – Скопје, г-дин Фејзулаи изрази подготвеност и спремност да ги посети сточарите на лице место во фармите и воедно за проблемите со кои се соочуваат да ги решат согласно можностите, веќе се дефинираше дека во наредната недела ќе се посети и село Сливник, Велес.

Општина Чашка е лидер на органски производители и продолжуваат земјоделците да се развиваат во овој сектор.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner