news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Советите за развој на осумте плански региони и Центрите за развој на осумте плански региони се вклучени како партнери во заедничкиот проект "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој" на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална соработка.

Во месец февруари согласно грантовата шема во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ се спроведоа ... три форумски сесии во Вардарскиот плански регион. Имено Центарот за развој на Вардарскиот плански регион е носител на форумските сесии и партнер во спроведување на проектот.

Учесници на трите форумски сесии се претставници од локалните самоуправи, здруженија на граѓани, институции, правни субјекти кои делуваат во Вардарскиот регион.

Форумските сесии имаат за цел идентификација на проектни идеи во Вардарскиот плански регион. Проектите треба да се релевантни за регионалните теми и тоа: туризам; животна средина; бизнис инфраструктура и социјална инклузија. Проектите да имаат мерливи, практични и видливи резултати,да имаат значително и широко општествено влијание или да адресираат важен регионален проблем, да се оддржливи со видливо социоекономско влијание.

Согласно критериумите секој плански регион може да поднесе максимум три предлог-концепти  кои се избрани како највисоки регионални приоритети. Финансиската поддршка може да се додели за еден регионален проект по плански регион.
Вкупниот обем на грантовата шема, која ќе биде доделена на успешните плански региони во 2019 година, изнесува 842.104 CHF односно 123.789 CHF за Варадрскиот регион.

Средствата се наменети за имплементација на проекти со регионална релевантност  и зајакнување на капацитетите за апсорбирање на идните фондови на квалитетен начин со цел да се поттикне локалниот и регионалниот развој.
Како резултат на оддржаните форумски сесии се идентификуваа и развиваа 7 концепт-ноти од кои три проектни идеи добија наголем број на гласови и тоа:

1.Регионален бизнис центар на успешност со седиште во Велес,
2.Скејт парк со уредување на пешачки и велосипедски во Вардарскиот регион (Кавадарци, Демир Капија и Чашка)
3.Реставрација на владетелската палата на археолошкиот локалитет „Била Зора“ Свети Николе

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner