news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Согласно програмата на Сојузот на борците од Народноослободителна војна Велес се одбележаа 75 години од Февруарскиот поход. Присуство на одбележувањето земаа претставници од Општина Чашка и Општина Велес, Сојузот на борците од Народноослободителната војна Скопје, Велес и Прилеп, Здружението на пензионери Велес, како и децата од Гимназија Кочо Рацин Велес и ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила, голем број на ... граѓани.

Славниот Февруарски поход, е значаен настан од периодот на Народнослободителната војна. Како резултат на успешните борбени дејства се создала поголема слободна територија. Походот игра важна улога во подигањето на борбената свест и ги забрзува борбените опеарциии за конечно ослободување и извојување на саканата слобода за македонскиот народ.

На овој светол датум чувствуваат сите гордост и благодарност. По повод јубилејот, Општинската организација се заблагодари со благодарница на Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски за досегашната успешна соработка.

Меѓу присутните беше и г-дин Христов од Велес, кој гордо се присети низ фотографии од својот албум од оддржаната манифестација 1964 година во чест на Февруарскиот поход. Манифестација која траела три дена релација Раштани- Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште- Нежилово – Богомила.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner