news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Општина Чашка оствари успешна средба во Населба Чашка со Амбасадорот на Република Полска г-дин Тицињски како и со секретарот на Амбасадорот г-ѓа Керамитчиев

На средбата се дисутираше за согледувањата на состојбата во која се наоѓа Општина Чашка, како и разгледување на можностите за соработка и постигнување на видливи промени во заедницата се со цел подобрување на квалитетот на живот на ...

жителите .

 

Амбасадата на Република Полска континуирано се залага за подобрување на стандардот на живеење на локалното население. Развојната соработка е дел како партнерски ќе се пристапи кон искористување на можноста за надминување на проблемите со кои се соочуваме  и со заеднички пристап и сили да се подобрат условите за живот во Општина Чашка.

Република Полска е стратешки партнер на Македонија како и на локалните самоуправи. Амбасадорот изјави дека овозможувањето на авионската  релација Скопје-Варшава – Скопје придонесе кон  зголемување на бројот на туристи од Полска во Македонија, со што во 2018 година туристите од Полска се помоногубројни во Македонија, дури пред гостите, туристи од Холандија.

Општина Чашка е горда што имаше можност да се претстави и со заеднички сили да се пристапи кон предизвиците, проблемите со разгледување на можности за идна соработка која во оваа 2018 година ќе даде резултат во локалната средина. При тоа се посети детската градинка „БАМБИ“ во Наслеба Чашка каде престојуваат 20 деца од предучилишна возраст.

Се надеваме дека ќе се продлабочи соработката во областите: образование, туризам, култура и животна средина како и отварање на врати за создавање на успешни приказни со бенефит за жителите. Континуирано продолжуваме со работа и соработка со директен бенфит за сите жители на Општина Чашка.

 

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner