news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Република Македонија                       
Градоначалник на Општина Чашка
бр.09-1948/1
13.12.2018 година                               
Чашка

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани,  а неплатени обврски (,,Службен Весник на РМ,, бр.209/18), Градоначалникот на Општина Чашка, објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
до доверителите на Општина Чашка и доверителите на единките корисници основани од Општина Чашка, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

Се повикуваат сите доверители на Општина Чашка и единките корисници основани ...

од Општина Чашка кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година,  да се пријават во Општина Чашка со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.

 

Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Чашка или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

•    Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оргинал или копија заверена на нотар,
•    Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
•    Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Чашка.

Документацијата заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Чашка во PDF или DOCX формат.

Пријавата со потребната документација да се достави лично во архивата на Општина Чашка (од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул. "Илинденска“ бр.8 Чашка, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“.

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Чашка ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 043-241 400,– Одделение за финансиски прашања или на електронската адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.

Општина Чашка

Градоначалник
Горан Стојановски

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner