news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Градоначалникот со дел од општинската администрација оствари средба со месното насление од Нежилово, Богомила,Согле,Горно Врановци, Мелница, Голозинци, Отиштино, Теово, Мартолци и Извор. Имено месното население имаше можност да ги искажат своите проблеми, потреби и предлози се со цел да се надминат истите  во 2019 година.

Средбите имаат за цел креирање на нацрт програмите за работа на Општина Чашка за 2019 година усогласена според реалните потреби на населението во секое населено ... место.

Во најголем дел од проблемите со кои се соочуваат жителите се инфраструктурни проблеми кои со заложба и активна работа на локалната самоуправа со помош од Владата на Република Македонија, домашни и странски донатори ќе се подобрат и директно ќе се придонесе во подобрување на квалитетот на живот во населените места.

Се охрабруваат жителите да бидат присутни на средбите во населените места се со цел да го искажат своето мислење и потреба на лице место за да се искреираат програмите за работа на Општина Чашка за 2019 година усогласени според реалната слика и потреба.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner