news__ formulari1__ galerija1 __biznis1__ caska1__ oglasnaTabla1

Чашка една од двете пилот општини во Македонија каде се имплементира пројектот Активно стареење

Вчера на 04.10.2018 од страна на претставници на Македонска платформа против сиромаштијата и нивните консултанти, во Општина Чашка беше презентирана “Програмата за активно стареенје” - Пилот Пројект кој се имплементира во Општина Чашка и ... Виница.

Целта на Пројектот е организирање на активности за старите лица со цел зачување на нивното физичко и ментално здравје.

Претставниците на МППС направија две средби. Првата средба во Дневниот центар за стари лица во Населба Чашка каде старите лица покажаа дека се заинересирани да се организираат вакви активности. Седбата беше интерактивна со цел да се откријата нивните потреби.

Втората средба беше организирана во просториите на Општината каде беа присутни претставници од Министерство за Труд и социјална политика, невладини организации, Меѓуопштински центар за социјална работа Велес и претставници на општината.

Од страна консултантите беше презентирана програмата која отвори дебата меѓу присутните кои пројавија итерес да помогнат во имплементација на активностите.

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner